четврток, 11 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

Традиционално од Денот на независноста, па се до 13-ти септември во Струмица, во Храмот на културата повторно ќе се слави театарот, уметноста и бесмртното дело на великанот Ристо Шишков, годинава по 33-ти пат. Стартува Меѓународниот Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, посветен на актерската игра.

Во шесте фестивалски денови, сцената ќе биде дом на извонредни театарски изведби од реномирани ансамбли и уметници, кои преку својата игра ќе понудат различни погледи кон светот, кон човекот, кон вистината.

Почетокот го направија струмичките актери со претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија и сценографија на Благој Мицевски, а на репертоарот се вкупно 12 претстави, и освен ансамбли од Македонија учество ќе земат и од Италија, Србија и Бугарија. Вкупно 40 актери ќе се претставуваат со своите изведби за единствената награда за најдобро актерско остварување – златен медалјон со ликот на патронот Ристо Шишков, плакета и парична награда од 1500 евра.

„Се радувам што и годинава имавме богат избор и тежок избор, затоа што се повеќе и повеќе има конкурентни претстави и актерски ролји за оваа награда. Бидејќи се работи за фестивал на актерот, кадешто единствена награда е наградата „Ристо Шишков“, Гран при за актерско остварување, се разбира, пред се, „водилја“ ми е претставите да имаат некое актерско остварување кое ќе биде конкурентно за оваа награда“ – кажа пред стартот на фестивалот селекторот на фестивалската програма, режисерот Љупчо Георгиевски.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го прогласи фестивалот за отворен и на сите учесници им посака квалитетна актерска игра.

Сите претстави ќе се одржуваат во Центарот за култура „Антон Панов“, а покровители на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

Next Post

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

Related Posts

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата уапси 39-годишен маж, извршил обљуба врз 32-годишна жена од Струмица

вторник, 9 септември, 2025 | 14:11
Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31
Вести

Приведен струмичанец кај него пронајдена марихуана

понеделник, 8 септември, 2025 | 14:38

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist