Девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица го освоија второто место во младинска конкуренција откако на финалниот турнир во салата „Јане Сандански“ во Скопје, во финалето со пресврт и во пет сета 3:2 (22:25, 22:25, 25:20, 26:24, 15:8) изгубија од новиот шампион ОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода.
Струмичкиот тим имаше одличен старт на натпреварот, каде и покрај големиот отпор на тимот на „Јанта Волеј“ стигна до предност од 2:0 во сетови. Противникот се врати во третиот сет и намали на 2:1. Во четвртиот сет Наковски Волеј имаше водство од 21:19 и се чинеше дека работите одат во негова корист, но скопскиот состав не мислеше така. Изедначи на 21:21, а потоа не му дозволи на ривалот да ја искористи сет-меч топката на 23:24, туку се врати и со 26:24 го однесе натпреварот во тај-брејк. Одбојкарките на „Јанта Волеј“ во решавачкиот сет и предводени од капитенот Мери Бошковска со комплетен кам-бек стигнаа до шампионската титула кај младинките.
ФОТО: ОФМ