Италијанско-американската „Брера Холдингс“, која пред една недела официјално излезе на втората најголема светска берза Насдак во Њујорк, официјално го објави својот прв клучен чекор, купувањето на актуелниот вицепрвак ФК Академија Пандев од Струмица. Холдингот со седиште во Ирска го објави „писмото за заинтересираност“ и целиот процес треба да заврши до крајот на првата половина од годинава, објави спортскиот портал „Спорт1.мк“.
„Ова е примерот на Брера Холдингс за имплементација на својата меѓународна стратегија, која паралелно ќе форсира ширење и промоција на брендот Брера ФК во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера, планот е да се зголеми тимскиот напредок, а местото е идеално за да се подготват фудбалерите за меѓународниот пазар и да се остварат приходи од настапите во УЕФА“, објавил извршниот директор, Серџо Скалпели.
Повеќе на www.sport1.mk