понеделник, 17 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Спортската новинарска елита од Југоисточна Европа доаѓа во Струмица на Симпозиум, а ќе играт и фудбал во чест на Благој Истатов

среда, 2 ноември, 2022 | 15:52
in Вести

Од вечерва во Струмица доаѓаат спортски новинари од Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Кипар, Албанија, Турција и од земјата домаќин Македонија и ќе учествуваат на Симпозиумот „Спортот за државата – државата за спортот“, кој во организација на Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија, утре и во петок (3 и 4 Ноември), ќе се одржува во хотелот „Сириус“ во Струмица. На Симпозиумот ќе учествуваат и потпретседателот на Светската Асоција на AIPS, Јанис Дарас, генералниот секретар на AIPS, Јуре Озмец, како и членови на Бордот на Европската асоцијација на спортски новинари.
Првиот ден ќе биде во духот на спортот преку игра, односно одржување на турнир насловен „Отворен спортски Балкан“ на кој ќе играат спортски новинари од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Почетокот е закажан во 09:30 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а по кратките натпревари во 12:30 часот учесниците ќе го посетат вечното почивалиште на легендата на македонскиот и струмичкиот фудбал, голманот Благој Истатов на Градските гробишта во Струмица. Финалните натпревари ќе се одиграт попладне од 14:30 часот.
На Симпозиумот во петок, ќе бидат доделени златни плакети за мир на Васил Тупурковски, Зоран Заев и Алексис Ципрас, по што ќе следуваат обраќањата на говорниците на пет теми: „Мир“, „Спорт“, „Здравје“, „Младост“ и „Радост“.
Симпозиумот завршува вечерта со забава на која ќе бидат доделени и пехарите на победниците од турнирот посветен на Благој Истатов, како и доделување плакети и признанија на истакнати спортисти и спортски работници заслужни за развојот и унапредување на спортот во Македонија.
Учесниците во овие два дена ќе имаат можност да ги посетат и културно-историските обележја, како и туристичките места во струмичкиот регион.

ShareTweetShare
Previous Post

Тројца струмичани уапсени во Гевгелија, краделе од Пумпна станица на АД Водостопанство

Next Post

Во пресрет на празникот Митровденска задушница, „Комуналец“ ги чисти и уредува Градските гробишта во Струмица

Related Posts

Вести

Водата во Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци е во исправна состојба и може да се користи за пиење

понеделник, 17 ноември, 2025 | 12:05
За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди
Вести

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

понеделник, 17 ноември, 2025 | 10:55
„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност
Вести

„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност

недела, 16 ноември, 2025 | 17:30
„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица

недела, 16 ноември, 2025 | 17:01
Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist