понеделник, 14 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Со креативен активизам против рибокрадството во струмичко со употреба на струја

среда, 12 април, 2023 | 14:32
in Вести, Струмица
Со креативен активизам против рибокрадството во струмичко со употреба на струја

Со креативен активизам и уметничка инсталација поставена на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, Платформата риболовци „Корморани“ во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје предупредија на зачестената појава на рибокрадство со употреба на струја во струмичиот регион.

Идејата за оваа акција потекнува од група еколози и спортски риболовци собрани околу платформата „Корморани“, која се залага за зачувување на водените екосистеми и одржлив спортски риболов.

„Во последно време членови на платформата „Корморани” и многу други спортски риболовци и еколози сведочат за се позачестените  појави на рибокрадство во струмичкиот регион, на акумулациите Турија и Водоча и на реката Струмица. Уловените риби нелегално се продаваат на пазарите и други канали без почитување на хигиенскo санитарни мерки, ладен синџир на достава и најчесто се бајати и полурасипани. За жал освен спортските риболовци надлежните институции не превземаат никакви посериозни чекори за спречување на овие појави кои го уништуваат рибниот фонд“, велат организаторите на настанот.

Тие велат дека загрижувачко е што покрај мрежи и други недозволени алатки рибокрадците се почесто користат и електронски направи за неселективно убивање на рибите со висок напон и висока електролитска фреквенција.

„Според најновите податоци од истражувањата на Европската агенција за безбедност на продуктите и храната, рибите и останатите водени организми убиени/уловени со струја и слични инструменти кои користат електролитички процеси се небезбедни за човекова исхрана и за исхрана на домашните животни. Во процесот на усмртување на рибите со електролитична висока фреквенција доаѓа до промена на молекуларната структура кај рибиното месо. Овие молекуларни промени на меките ткива ја менуваат структурата на месото со што истото станува неподобно и опасно за исхрана, а забележани се и појави на канцерогени клетки и структури кои претставуваат сериозна закана по човековото здравје“, рекоа на денешниот настан од платформата „Корморани”.

Велат дека поради овие факти со цел заштита на човековото здравје и заштита на рибниот фонд, заедно со платформата „Корморани” е иницирана оваа акција за да се подигне јавната свест и да не се купува илегално уловена и непроверена риба, но и да се предизвика реакција кај надлежните посериозно да се зафатат со контрола и спречување на илегалниот риболов.

„Периодот на мрест на рибите допрва започнува, затоа да им дадеме шанса на рибите, да им овозможиме шанса на наредните генерации да уживаат во благодетите на природата и да не дозволиме групи на криминалци да го уништуваат она што природата ни го дава, а спортските рибловци го негуваат со децении“, апелираат организаторите на акцијата.

Акцијата Стоп за рибокрадците е во продукција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје, во соработка со платформата риболовци „Корморани”.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица промовиран проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Next Post

„Комуналец“ организираше Ифтарска вечера за своите вработени од муслиманска вероисповед

Related Posts

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Синоќа двајца млади прилепчани фатени со дрога од струмичката полиција

недела, 13 јули, 2025 | 12:03

ТОП ВЕСТИ

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица
Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist