понеделник, 14 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Со емотивен говор, со треперлив глас и низ солзи, Владо Илиевски го прими највисокото општинско признание на Општина Струмица

недела, 11 декември, 2022 | 18:27
in Вести, Струмица

„Струмица е мојот роден град, мојот дом, моето семејство. Се започна од овде, поточно од улицата „Дрварска“, со моите први шутеви на дрвениот рачно изработен кош од татко ми Илија и чичко ми Здравко. Со брат ми Димче токму од овде започнав да ја учам кошарката“. Вака интернационалната кошаркарска ѕвезда Владо Илиевски го започна својот емотивен говор, кој со треперлив глас и постојано низ солзи говореше за поврзаноста на својот роден град, семејството, пријателите со неговата кошаркарска кариера, откако го прими највисокото општинско признание на Општина Струмица – „Годишна награда за животно дело за 2022 година“, а му ја додели градоначалникот Костадин Костадинов.

Честите паузи и солзи во својот говор побуди и емоции во публиката, а таа публика со солзи и аплаузи го поддржуваше постојано додека говореше, а говореше за најголемите свои достигнувања, за родителите, сопругата и двата сина, за луѓето што му помогнале да почне да се оформува како кошаркар, но и за семејството на кои ги посвети сите свои успеси.

„Се сеќавате на тројката против Литванија, одлучувачка за репрезентативниот тим да донесе победа, а со тоа и незимерна радост и националната гордост за сите наши граѓани таа 2011-та година, кога успеавме да се пласираме на високото четврто место во Европа. И во моментот кога ја дадов тројката, и денеска кога зборувам пред вас, целиот мој постигнат спортски успех му го посветувам на мојот покоен татко Илија. Неговата безрезервна поддршка, неговата љубов и чувството на одговорност и дисциплина се вградени во мене, во мојата кошарка, во се што работам и правам во мојот живот. Би ја спомнал и мојата добра и скромна мајка Стојка, која е тука. Таа се уште е мојот и нашиот семеен бедем, моето засолниште, извор на неизмерна љубов, заштита и поддршка. Кошарката беше мојата прва љубов, а мојата последна, вистинска и единствена љубов, мојата Ања, на која и ја должам сета благодарност на овој свет, за посветеноста, љубовта и поддршката којашто ми ја пружа сите овие години од нашиот заеднички живот, за нашите два прекрасни сина, Лука и Јакоб кои се смислата на нашето постоење“ – кажа Илиевски.

Владо Илиевски е убедливо најуспешен струмички кошаркар на сите времиња, а заедно со Горан Пандев и најдобар спортист од Струмица. Кариерата ја почна пред повеќе од 25 години во тогашниот Кошаркарски клуб „Неметали Огражден“, а потоа млад замина во странство и безмалку две децении беше активен на меѓународната кошаркарска сцена.

Прва интернационална станица му беше Партизан, каде остана две години по што играше за Анталија, Олимпија, Барселона, Рома, Виртус Болоња, Монтепаски, Тау Керамика, Анадолу Ефес, Локомотив Кубан, Цедевита, Нимбурк, Цибона, Орландина и заврши во Работнички во 2017 година. Во сите држави каде што настапуваше, освојуваше трофеи, играше и на Ф4 од Евролигата.

Учествуваше во најголемиот успех на македонската сениорска репрезентација со која во 2011 година го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија. Токму тој ја постигна тројката за победа против домаќинот, во четвртфиналето по што, во моменти на еуфорија, ја кажа антологиската реченица: „Леле луѓе, што направивме“…

ShareTweetShare
Previous Post

Костадинов: Ако сме луѓе, ако сме верници, да бидеме според начелата на нашата христијанска вера

Next Post

Младиот шахист од Струмица Мартин Гоцев – шампион на Отвореното првенство на град Скопје за млади до 8 години

Related Posts

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Синоќа двајца млади прилепчани фатени со дрога од струмичката полиција

недела, 13 јули, 2025 | 12:03

ТОП ВЕСТИ

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица
Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist