Почитувани граѓани,
Во пресрет на големиот верски празник за граѓаните од исламска вероисповед Курбан Бајрам, Општина Струмица како орган чија основна цел и задача е да го штити јавниот интерес и животот и здравјето на луѓето, земјаќи ги во предвид временските услови на периодот во кој се одржува овој голем верски празник, како и традицијата на консумирање на јагнешко месо во деновите на празнување, ги известува сите граѓани од исламска вероисповед дека во координација на општинските инспекциски служби и јавното комунално претпријатие ЈПКД „Комуналец“ Струмица, е воспоставен акциски план за постапување со отпадот кој ќе произлезе од животните наменети за конзумирање за време на празнувањето, односно од страна на давателот на комунални услуги ЈПКД „Комуналец“ Струмица ќе бидат поставени посебни садови за одложување и собирање на остатоците од животни и тоа на следниве локации:
- ул. „Бетовенова“, до храмот „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.
- ул. „Бетовенова„ на раскрсницата на ул. „Бетовенова“ со локалниот патен правец кој води кон областа Чамлак.
- ул. „Славчо Стојменски“ над трговски дуќан „Маџир Промет“.
- на раскрсница помеѓу ул. „5-ти Ноември“ со ул. „Ѓорги Василев“.
- село Банско до старата Џамија.
Земајаќи ги во предвид високите температури на воздухот и видот и природата на отпадот, како и последиците кои можат да бидат предизвикани од несовесно постапување со истиот, апелираме до сите граѓани отпадот од животните да го одложат на горенаведените локации, заради негово соодветно отстранување, и заради заштита и зачувување на животот и здравјето на луѓето.
Општина Струмица