Вечерва по 19:00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово во близина на Костурино се случила сообраќајна незгода помеѓу два автомобили „Фолксфаген“ и „Пежо“, а двајцата возачи биле пренесени во струмичката болница, каде им биле извршени неопходните прегледи и снимања.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Струмица, а сообраќајот кај Костурино бил во прекин за сите видови возила повеќе од еден час. Во моментот сообраќајот е нормализиран.