Вчера во 09:30 часот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, делница од село Владевци до раскрсница за село Добрашинци, општина Василево, патничко возило „Шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(38) од Струмица, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во болницата во Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.