Вчера утрото во 05:40 часот на регионалниот пат 1402, на крстосница за селата Банско, Габрово и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица и патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(32) од село Колешино, струмичко.
Во незгодата со тешки телесни пореди се здобила Е.А.(53) од Струмица, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилата С.М.(32) од Струмица, С.Н.(49) од село Банско, А.А.(52) од Радовиш, А.А.(28) од Струмица и 17-годишник од Струмица, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.