Вчера околу 09:00 часот на регионален пат Р1401, Струмица – Валандово на место викано „Валандовско брдо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од село Николиќ, дојранско, патничко возило „Тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(76) од Струмица, товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.П.Ѓ.(45) од Гевгелија и уште едно товарно возило, кое го напуштило местото, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „Тојота“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во возилото „Фолксваген Голф“, констатирани во Здравствен дом во Валандово.