Слаб е интересот на самохрани родители за ослободување од плаќање надоместок за престој на децата во Детските градинки во Струмица, по објавениот Јавен повик на Општина Струмица, кој завршува денеска. Општината ќе го продолжи рокот за аплицирање за ова финанскиска помош кон самохраните родители, најави градоначалникот Костадин Костадинов.
„Денеска завршува јавниот повик, но заради малиот број на пријавени самохрани родителите најавувам дека ќе го продолжиме рокот во самиот јавен повик и ги охрабрувам самохраните родители да ја искористат ова можност“ – кажа градоначалникот Костадинов.