Синоќа во 23:00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од Струмица. При преглед на патничко возило „Алфа ромео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од него, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.