Доцна синоќа во 01:45 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Л.М.(18) и Б.Н.(19) и двајцата од Прилеп. При преглед над истите, кај Б.Н. била пронајдена зелена растителна материја и растителна материја помешана со тутун.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.