сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Силјановска Давкова: Во ЕУ само ако станеме нормална држава со почитување и практикување на вредностите

петок, 5 април, 2024 | 11:33
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Силјановска Давкова: Во ЕУ само ако станеме нормална држава со почитување и практикување на вредностите

ВМРО-ДПМНЕ и партиите од коалицијата што ја предводат кампањата за претседателските избори синоќа ја започнаа со голем митинг пред зградата на Владата. Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се на митингот рече дека мора да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок.

„Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ“, рече Силјановска Давкова.

Презентирајќи ги своите цели рече дека како претседател ќе се врати кај граѓаните преку народните канцеларии, кои сега ги снема. Ќе ја почитува владата и ќе соработува со неа.

„Некогаш ќе ја советувам, некогаш ќе ја критикувам, ќе бидам своја глава. Ако во извршната власт има две глави тие мора да соработуваат. Надвор нема да заминам без да изградам консензус за најважните државни и национални прашања. Ќе го почитувам Собранието како законодавен орган. Но ако забележам врз основа на анализа дека отстапува од Уставот и законите ќе побарам да се обратам, да предупредам. Ако и тоа не врви ќе употребам вето. Нема да дозволам надвор да парадираат дипломати кои ја уриваат гордоста на Македонија. Напротив ќе не претставуваат најстручните и најдобрите“, рече Силјановска Давкова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е и носител на листата во Првата изборна единица на Парламентарните избори, оцени дека „народот доаѓа по своето, по тоа што му е одземено“. – Доаѓа по Македонија, до големите промени со кои на сите ќе им покажеме дека не ја даваме, дека сите заедно сме силата на Македонија, истакна Мицкоски.

Според него, партијата е посилна од кога било, обединета, сложна, со јасна заедничка цел.

„Идејата не можат да ја уништат. Нашата идеја се вика Македонија. Да ја вратиме во рацете на народот, и да ја одземе од стотина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ. Проблемот на Ковачевски е што државата му ја подари на Ахмети и тоа на тацна, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави промени, но и дека во кампањата ќе зборува за понудата, а против другите кандидати на изборите.

На гласачите им порача да ја прочитаа платформата на кандидатката за претседател Силјановска Давкова, како и нивната програма и планираните проекти. Им порача на пензионерите дека пензиите ќе бидат покачени за 5000 денари и дека ќе им го вратат достоинството. На младите им порача да не се откажуваат од Македонија и побара да им го дадат својот глас и да се вклучат во промените, додека на работниците им кажа дека мора заедно да се изборат за поголеми плати, почит и достоинство.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Д-р Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

Next Post

Филипче: Гаранцијата за млади ќе ја отвориме за 35.000 млади, ја решаваме невработеноста

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist