Силен земјотрес со магнитуда од 5.3 степени по Рихтер ја стресе Грција во 19:03 часот по грчко време.
Епицентарот на земјотресот е на 62 километари од Солун, на првиот крак на Халкидики, односно во морскиот дел, 12 километри југозападно од Неа Мудања.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција информира дека потресот бил почувствуван на повеќе од 300 километри од околу 13 милиони луѓе во Грција, Македонија и Бугарија.