На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на 29-годишниот Марко Давчев, кој за исчезнат е пријавен на 9 декември во Полициска станица во Струмица.
Од полицијата ни потврдија дека интензивно се трага по него од денот на пријавување и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Марко бил со нарушено задравје, а неговото исчезнувањето го пријавил татко му, М.Д.(64) на 9 декември.
Од семејството апелираат доколку некој има информации за негово пронаоѓање да пријават во Полициската станица во Струмица.