Од Општинската организација на СДСМ Струмица изразуваат загриженост за состојбата во кое е доведено ЈП „Паркиралишта Струмица“ и апелираат до градоначалникот Костадин Костадинов веднаш да изнајде решение и веднаш да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“.
„ОО СДСМ Струмица со политиките во минатото е препознатлив по ажурноста и редовното сервисирање на обврските кон јавните претпријатија, па затоа ИТНО АПЕЛИРАМЕ, градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и веднаш да го исплати долгот кон ЈП „Паркиралишта Струмица“, за вработените да можат да ги добијат своите заостанати плати и да фунционираат во нормални услови.
Општина Струмица е симбол на ефикасност и почитување на работничките права, затоа нема да дозволиме да се руши кредибилитетот кој е граден години наназад. ОО СДСМ Струмица, ги почитува сите работнички права и ги поддржува работниците во користење на сите правни алатки за заштита на нивните права.
А за крај се прашуваме, зошто сега, зошто вака?
Почитуван градоначалник, по принципите на социјалдемократските вредности, овозможете работникот да биде вреднуван и уважуван со дела, а не со зборови“ – стои во соопштението на СДСМ Струмица.