четврток, 17 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“

сабота, 11 ноември, 2023 | 14:38
in Вести, Струмица
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“
СДСМ со Трибина во Струмица – „Резултати што прават разлика“

„Не така одамна, „Заробена држава“ ни беше името во еден Извештај на Европската комисија. Тогаш кога ВМРО ДПМНЕ беше власт, кога се шепотеше, кога се молчеше за платите, за пензиите, за сите неправди. Граѓаните со страв и сила беа замолкнувани. Тоа важно е да не се заборави, зашто волкот не станува јагне. Последниот Извештај на Европската комисија, еден добар дел од негативните оценки, се однесува на нив како сегашни или поранешни кочничари на реформите и креатори на политиката на одалечување од ЕУ. ДПМНЕ се кочничари на државата“, кажа денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика“ што се одржа во Центарот за култура во Струмица.

За Љупчо Николовски, член на Централниот одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство секој еден земјоделец е важен и преку конкретни мерки и политики што секојдневно се носат, во дело оваа Влада покажува дека е искрен партнер и води грижа за секој еден земјоделец.

„Земјоделците денес најдобро знаат која е разликата меѓу СДСМ и ВМРО. Знаат како беше во времето на ДПМНЕ, да се добиваат субвенции селективно, со списоци и закани, но знаат како е и денес кога СДСМ ја води државата. Со еден потпис, во еден ден, со едно решение, исплата кон сите земјоделци, кои исполнуваат услови. Без селекција, без списоци, без притисоци. Бидејќи за нас земјоделецот е важен. Бидејќи за нас секој човек е важен и почитуван. За разлика од нив кој немаат ни почит кон никого и ништо, ниту пак чуле некогаш за тоа. Од 2017 година до денес, Министерството за земјоделство работи транспарентно и отворено, со нов земјоделски пристап. Постојано сме на терен, диреткно од земјоделците ги слушаме проблемите и заедно со нивна директна вклученост ги носиме и ги креираме мерките, а така креираните мерки докажано даваат резултати“, кажа Николовски.

„Секогаш кога било потребно СДСМ бил тука за земјоделците обезбедувајќи брза и навремена поддршка. Минатата година, во услови на светска криза ние бевме први во регонот кои навремено подготвија Национален план за производство на храна и креиравме Интервентни мерки за да го стабилизираме и помогнеме домашното производство на храна“, кажа Трајан Димковски, претседател на комисијата за земјоделство на СДСМ на денешната трибина во Струмица.

Никица Бачовски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој говорејќи на трибината, кажа дека Агенцијата стана препознатлива како институција која финансиски ги помага сите земјоделци и не служи како алатка за исполнување на партиски интереси.

„Нејзина основа задача е подеднакво да ги поддржува градинарите од струмичко, гевгелиско и валандовско, тутунарите од Прилеп и Радовиш, лозарите од тиквешкиот регион , овоштарите од Росоман и Преспа, полјоделците од Битола и Свети Николе, сточарите од малишевијата и полошкиот регион“, кажа Бачовски потенцирајќи дека преку Програмите за директни плаќања, Програмата за рурален развој, Програмата за рибарство и аквакултура, како и ИПАРД Програмата годишно со финансиски средства се стекнуваат десетици илјади корисници.

ShareTweetShare
Previous Post

Споменикот „Струмин гроб“ ќе биде преместен во идниот парк во новата градска населба Карпош

Next Post

Независниот синдикат на полицијата денеска низ улиците на Струмица организираше мото-протестен марш

Related Posts

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Вести

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија

среда, 16 јули, 2025 | 13:18
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

среда, 16 јули, 2025 | 12:52
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?

вторник, 15 јули, 2025 | 22:06
За 8 часа изречени 197 санкции на возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Вести

Приведени тројца млади струмичани, кај еден од нив пронајдена марихуана

вторник, 15 јули, 2025 | 13:42
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45

ТОП ВЕСТИ

Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера
Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist