сабота, 13 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

СДСМ со прес конференција во Струмица пред најавениот протест на екологистите од струмичкиот регион

сабота, 15 јули, 2023 | 10:34
in Вести, Струмица

Пред протестната блокада во центарот на Струмица најавен од еколошките друштва „Здрава котлина“ од Струмица и „Еко долина“ од Ново Село, а како реакција на владината одлука за спојување на концесиите за отворање на рудник кај Иловица и Штука од страна на компанијата „Еуромакс Рисорсес“, СДСМ во Струмица одржа прес конференција.

„СДСМ го реафирмираше ставот на партијата даден пред граѓаните на Босилово, Василево и Ново Село, во однос на постапката за отворање на рудник во Иловица и склучувањето на договорот за концесија од страна на Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник. Ставот на СДСМ по однос на отворањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните од струмичкиот регион! Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отварање на рудник во Иловица, без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското“, кажа на денешната прес конференција во Струмица, Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, потенцирајќи дека Владата во координација со премиерот и министрите ќе ја преиспитат Одлуката за спојување на двете концесии и ќе побарат дополнителни информации од надлежното министерство.

„Заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на земјоделието се приоритети на СДСМ“, додаде Тренчевска.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова говорејќи за донесената одлука со која Владата ги спои двете концесии на компанијата „Еуромакс Рисорсес“, кажа дека станува збор за две различни постапки врз основа на којшто одлучува судот. Едната е постапката за доделување на концесија, а другата е постапката за спојување на двете веќе доделени концесии, односно за двете подрачја во еден опфат, објаснуваше министерката Шукова.

„Во однос на втората постапка, којашто е посебна постапка за спојување на концесии судот не го отфрла спојувањето на концесиите, туку ја отфрла постапката. Вели дека повторно треба да се врати на одлучување во Владата. Она што е битно да кажеме дека административно де факто се спојуваат, значи не се зголемува концесискиот обем, не се зголемува обемот на експлоатација, административно се спојуваат две концесиски полиња, но ние повторно ќе ја разгледаме одлуката за спојување на концесиите врз основа на дополнителни информации коишто веќе се побарани од Министерството за економија“, кажа Шукова.

Двете министерки во Владата предводена од СДСМ најавија дека за половина час ќе се приклучат на протестот што го организираат екологистите од струмичкиот регион насловен „Заедно против рудникот“.

ShareTweetShare
Previous Post

Интелектуалци, организации со поддршка за утрешната протестна блокада „Заедно против рудникот“ во Струмица

Next Post

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш повредени четири лица, еден полициски службеник и тројца државјани на Бугарија

Related Posts

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16
Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Вести

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори

четврток, 11 септември, 2025 | 22:51
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Вести

Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија

четврток, 11 септември, 2025 | 22:08
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот
Вести

Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

четврток, 11 септември, 2025 | 12:37
Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53

ТОП ВЕСТИ

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist