петок, 11 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

СДСМ: Граѓаните на струмичките општини треба на референдум да се изјаснат дали се за отворање на рудникот кај Иловица и Штука

сабота, 8 јули, 2023 | 15:12
in Босилово, Василево, Вести, Ново Село, Струмица
СДСМ: Граѓаните на струмичките општини треба на референдум да се изјаснат дали се за отворање на рудникот кај Иловица и Штука

Централниот одбор на СДСМ денеска одржал седница на која членовите на одборот дискутирале за повеќе актуелни теми и донеле повеќе одлуки и заклучоци, меѓу кои и за темата за отворање на рудник за бакар и злато кај Иловица и Штука на Огражден.

Оваа тема повторно се актуализираше по владината одлука за спојување на концесиите на Еуромакс, компанијата која се застапува за изградба и операција на овој рудник, за експлоатација на минерални суровини на ова подрачје и реакцијата од активистите против отворање на рудникот кои веќе најавија протестна блокада на центарот на Струмица за да го искажат незадоволството од актуелниот тек на настаните.

  • Споени концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука, активисти најавуваат мобилизација
  • Протестна блокада на центарот на Струмица по владината одлука за спојување на концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука

Владејачката партија смета дека граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село треба на референдум да се произнесат дали треба да се отвори овој рудник.

„Ставот на СДСМ е дека само граѓаните на Југоисточниот плански регион, во општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село, можат да одлучат и треба на референдум да се произнесат за ова важно прашање. Заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на земјоделието се приоритети на СДСМ“, заклучил Централниот одбор на партијата.

Инаку, во септември 2017 година во општините Босилово и Ново Село се одржаа референдуми на кои граѓаните на овие општини можеа да се произнесат дали се за или против отворање на рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука. Но, референдумите и во двете општини беа прогласени за неуспешни поради недоволна излезност.

Одборот го реафирмирал ставот на партијата дека дозвола за отворање на овој рудник не треба да се даде без консултација и одобрение од месното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина. Владејачката партија во соопштението се повикува и на тоа дека постапката за отворање на рудникот била започната од владата на нејзиниот политички ривал, Никола Груевски.

„СДСМ го реафирмираше ставот на партијата даден пред граѓаните на Босилово, Василево и Ново Село во однос на постапката за отворање на рудник во Иловица, започната од Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ, во време кога Мицкоски беше негов советник. Без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското, нема да се даде дозвола за отворање на рудник“, соопштија од владејачката партија.

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин патниот правец Струмица – Просениково

Next Post

Мицкоски од Струмица: За неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тешко повреден велосипедист – излетал од патот

четврток, 10 јули, 2025 | 14:37
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist