Социјалдемократскиот сојуз на Македонија годинашниот Осмомартовски марш ќе го одржат во Струмица по мотото: „ИСПРАВЕНИ, ЗАЕДНО, ЗА ЕДНАКВОСТ, ПРАВДА И МИР“.
Од СДСМ јавната покана до граѓаните, на овој традиционален марш по повод Денот на жената 8-ми март, заедно да продефилираат низ струмичките улици и да пратат силна порака, дека жената заслужува силна поддршка во реалниот свет, а борбата за права на жените нема да застане!
Сабота, 8 март 2025 година, старт во 12:00 часот пред Домот на пензионерите (парк).