Вчера (31 март), во периодот од 14:00 до 20:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 25 на подрачје на Радовиш, 22 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Гевгелија и 11 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.