СВР Струмица денеска поднесе кривична пријава против А.А.(44) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 1,3 килограм марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава и против П.Р.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На паркинг во Стар Дојран, полициски службеници извршиле преглед над лице од Валандово, при што пронашле и одзеле марихуана и таблети екстази, кои претходно ги набавил од пријавениот П.Р.