вторник, 26 септември 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

СВР Струмица реагира на објави кои изминатите денови се објавувале на социјалните мрежи за наводен „линч“ врз семејство

петок, 4 ноември, 2022 | 11:55
во Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица ги демантира информациите кои беа пласирани во некои пишани медиуми поврзани со наводен „линч“ врз семејство од Струмица.
Сакаме да ја информираме јавноста дека во претходниот период, односно во месец Август во Секторот за внатрешни работи Струмица лицето А.Т. (21) од Струмица пријави дека И.Ј (40) од Струмица и Ф.С. (35) од Скопје му вршеле притисок со закани по живот на оштетениот и неговата фамилија притоа наведувајки го да им плати сума на пари за кој истиот не бил должен, а од страв истиот им ја давал сумата која ја принудувале да им ја плати (во пари или останати вредни предмети), со што пријавителот А.Т во период од една година бил оштетен за сума од 20.000 евра.
По преземените мерки и обезбедените докази против лицата И.Ј. и Ф.С. беше поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот закон, а по поднесената пријава од страна на Основен суд Струмица на осомничениот И.Ј. на 12.08.2022 година му било донесено Решение со изречени мерки на претпазливост „забрана за напуштање на живеалиште во Струмица“, „обврска секој понеделник во 08.30 да се јавува на судска полиција Струмица“ и „одземање на патна исправа на име И.Ј“.
На 30.10.2022 година околу 01:00 часот во СВР Струмица А.Т. пријавил дека пред неговиот дом на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица му бил запален неговиот мотор марка „Кавасаки“, кој бил изгаснат по интервенција на Територијалната Противпожарна единица на Струмица.
Во моментот кога полициски службеници преземале мерки по овој настан, а полицискиот службеник Д.П. вршел службени дејствија кон Д.П. дошло патничко моторно возило „Ауди“ управувано од И.Ј. (40) од Струмица, кој и покрај даден знак од полицискиот службеник да застане продолжил да се движи со возилото и со истото удрил во полицискиот службеник, а тој паднал на земја. По кратко време И.Ј. со зголемена брзина на возилото повторно се вратил кон полицискиот службеник Д.П. при што истиот испукал во воздух два предупредувачки куршуми, но поради тоа што возачот не застанал, Д.П. скокнал на тротоарот за да не биде повторно удрен, а возачот со возилото побегнал од местото.
Како што информиравме во билтен од 31.10.2022 година на 30.10.2022 година полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода И.Ј. (40) од Струмица затоа што околу 02.20 часот на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица со патничко моторно возило „ауди“ удрил полициски службеник кој извршувал службени задачи, по што го напуштил местото. Од страна на СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица на 31.10.2022 година е поднесена кривична пријава против И.Ј. поради сомнение за сторено кривично дело „ Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 ст.2 од КЗ.
На 31.10.2022 година во СВР Струмица А.Т. пријавил кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ сторено на 29/30.10.2022 година околу 00:00 часот во Струмица, според кое повеќе лица меѓу кои и Б.С. од Струмица откако го сретнале во центарот на Струмица му пренеле закани од И.Ј. дека ќе му бидат запалени моторот и куќата, а Б.С. и физички го нападнал. Истата вечер и Ф.М. му пренел дека И.Ј. од него побарал да го однесе пријавителот на место каде ќе се сретне и „пресмета“ со него. Поради наведеното постои сомнение дека И.Ј. го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со палење на моторциклот сопственост на А.Т.
Во врска со наводите кои исто така беа истакнати во текстот поврзани со напад на И.Ј. и членови на неговото семејство Ве информираме дека на 30.10.2022 година во Полициската станица Струмица се пријавени вакви настани, кои се евидентирани и од страна на полициски службеници се испитани и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Поради наведеното, најстрого ги демантираме невистините кои беа објавени на некои пишани портали, истакнувајќи дека И.Ј. е лице осомничен за повеќе кривични дела, за кои против него во моментот се води постапка пред надлежниот суд, а полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презедоа мерки по сите настани, притоа постапувајки професионално согласно законските правила и прописи, стои во соопштението од СВР Струмица.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Поради дефект без вода се корисниците на булеварите „Ленинова“ и „Гоце Делчев“

СЛЕДНА ОБЈАВА

Струмичките пожарникари се дел од обуката за прекугранична соработка на планината Пирин во Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски
Вести

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски

понеделник, 25 септември, 2023 | 18:27
Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените
Вести

Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените

понеделник, 25 септември, 2023 | 13:49
ЕВН: Без електрична енергија се Вељуса, Баница, Седларци, Индустриска зона „Север2“, „Агроконсалтинг“
Босилово

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново

понеделник, 25 септември, 2023 | 10:23
Во Струмица промовирана игра за инвалиди во количка – Бочија
Василево

Во Струмица промовирана игра за инвалиди во количка – Бочија

недела, 24 септември, 2023 | 14:33
Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Вести

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште

сабота, 23 септември, 2023 | 16:39
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Од утре промена на времето – пороен дожд, грмежи, локално невреме

сабота, 23 септември, 2023 | 14:21

ТОП ВЕСТИ

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Во Струмица приведен крадец кој пред три дена од казино во Босилово украл пари
Со велосипедско дефиле во Струмица одбележан Светскиот Ден без автомобили и Европската недела на мобилност

ВЕБ БИЛБОРД

Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново
Стенд-ап со актерот Бојан Велевски на 22 септември во Струмица
Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Центарот за култура во Струмица
Хуманитарен концерт во четврток на Здружението „Хуманост“
Во вторник без струја Моноспитово, Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist