Денеска во СВР Струмица бил извршен службен разговор со З.Д.(45) и Д.С.(25), двајцата од село Ново Коњарево, струмичко. Имено, по преземени мерки и активности од СВР Струмица беше утврдено дека на 15.08.2024 година за време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол. Во разговорот тие го признале делото, а од Д.С. бил одземен пиштолот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претоходно на 16 август од СВР Струмица информираа дека на 15 август било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица било пукано со огнено оружје, а екипа извршила увид и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје, кои биле подигнати за понатамошна постапка.