Секторот за внатрешни работи Струмица, по повод 9 Декември – Денот на превенцијата, беше домаќин на повеќе деца од различна возраст, кои имаа можност одблизу да се запознаат со работата на полицијата и значењето на превентивните активности.

Дечињата беа пречекани од началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов и полициски службеници, кои им ја презентираа својата секојдневна работа, дел од опремата што се користи при извршување на службените задачи, како и службените простории на СВР Струмица.

Во рамки на посетата, децата присуствуваа и на видео-презентација на дел од досега спроведените превентивни активности на Отсекот за превенција при СВР Струмица, како и на презентација на електронската книга со детски творби кои учествувале на конкурсот организиран по повод Денот на полицијата – 7 Мај.

Со ваквите активности, СВР Струмица продолжува да ја унапредува соработката со најмладите и да ја зајакнува свеста за значењето на превенцијата и безбедноста во заедницата.






























