среда, 10 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

Синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа Свечена академија по повод три значајни јубилеи на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље – 160 години училиште на македонски народен јазик, 80 години образование на македонски литературен јазик и 65 години организирано основно образование.

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, во своето обраќање упати голема благодарност до сите наставници, потенцирајќи ја важноста на нивната мисија. „Како што и нашите најголеми просветители Светите Кирил и Методиј, чии имиња гордо ги носи ова училиште, така и вие ја продолжувате нивната мисија – да го ширите знаењето, да го чувате јазикот, да ја будите љубопитноста и да ги водите новите генерации кон светлината на образованието“, кажа Јанков. Тој додаде дека наставниците се „херои на секоја генерација“, а на учениците им порача дека „се смислата на ова училиште и иднината што ќе се гради заедно“.

Градоначалникот истакна дека училиштето ќе продолжи да биде дом на вредности, знаење и напредок, а Општина Струмица ќе остане силен партнер во подобрување на условите за образование и поддршка на наставниците и учениците.

Директорот на училиштето, Васил Бубев, во своето обраќање посочи дека јубилеите не се само бројки, туку приказни, животи и генерации. „Тоа сме сите ние, собрани околу иста цел – создавање подобра иднина за нашите деца. Нека овој ден биде потсетник дека имаме обврска да продолжиме да градиме, да чуваме и да напредуваме со нови идеи, нова енергија и нови успеси“, рече Бубев.

Познатиот фолклорист од Струмица, Иван Котев, во своето обраќање истакна дека јубилеите „обврзуваат и поврзуваат“ и дека овој свечен собир не е само сеќавање или час по историја, туку „вистинска историја – историја на едно време, на растеж и на поглед кон тоа каде сме биле и каде сме денес“. Тој ја нагласи долгата и тешка борба за слобода, независност и за правото на сопствен македонски мајчин збор.

Новинарката, поетеса и македонист, Сузана Мицева, родум од Дабиље и поранешна ученичка во училиштето, се обрати со емотивни зборови, нагласувајќи дека е голема чест да се говори за училиштето каде што започнала нејзината образовна приказна. Таа истакна дека секој се мери со времето во кое живее народ што со век и половина ја продолжува традицијата на училиште на свој мајчин јазик, додавајќи дека „го дишеме мекото слово на азбуката родено од трудот и духовната тишина на Светите Кирил и Методиј“.

Меѓу познатите личности кои учеле во оваа училиште се и браќата Миле и Ѓорги Барбаровски. Синоќа на свеченоста беше и Ѓорги Барбаровски, познат текстописец на најдобрите македонски новосозадени песни, меѓу кои и на безвременскиот хит „Заветна“ во интерпретација на Пепи Бафтировски, а на свеченоста тој пред публиката и ја запеја, која во еден глас пееше со него.

Свечената академија беше збогатена со музичка и рецитаторска програма во изведба на училишниот хор, солисти-инструменталисти и рецитатори од училиштето. Беа доделени и неколку благодарници, а свечениот дел го затворија инструменталистите Васил Атанасов В’чев (обоа), Катерина Гелебешева Костадиновска (пијано) и Влатко Митев (фолклорен тапан). По завршувањето, присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата на ученички цртежи. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска се слави Свети Климент Охридски

Next Post

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

Related Posts

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица
Вести

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица

вторник, 9 декември, 2025 | 16:52
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Уапсен 22-годишен жител на Струмица – физички ја нападнал сопругата

вторник, 9 декември, 2025 | 12:55
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist