петок, 11 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Светски познатиот диригент, ликовниот уметник Запро Запров постави изложба пред своите струмичани

среда, 24 мај, 2023 | 09:17
in Вести, Струмица
Светски познатиот диригент, ликовниот уметник Запро Запров постави изложба пред своите струмичани

Струмичани ја имаат можноста по долги години повторно да ги видат ликовните дела на светскиот познатиот диригент и композитор, ликовен уметник, роден во струмичко Пиперево, професорот Запро Запров.

Во Храмот на културата во Струмица од синоќа е поставена Изложба со 60-тина негови ликовни дела во кои се застапени фрагменти од македонската фолклорна и црковна традиција, а изложбата е насловена „Светлина“ и ова е 21-ва изложба на Запро Запров. Меѓу многубројните љубители и почитувачи на делата на Запров беа и рускиот Конзул, Константин Чеборатев и Конзулот на Монголија во Македонија, Литов Намдаг Џанчибин.

„Вечерва во овој простор го слушаме Манифестот на Запро Запров, нему му е дадено да го оствари насушното. Некој во оваа банална секојдневност мора да и дозволи на светлината да го прави онаа што е светлината вообичаено, или ова би било доволно да се препуштиме на радосното уживање пред огледалата на неговите сликарски рефлекси“ – кажа рецензентот на изложбата Вангел Божиновски.

Божиновски вели дека за да се препознаеме во вистината, за да не забегаме во егоизмот на портретот, да се загледаме во светлината во нејзината музика на сферите која сликарот ги оркестрира со бои.

Запро Запров вели дека овие дела ги создавал, не како спротивставување на македонската црковна иконографска традиција, напротив, како што кажа, со неговите слики дава свое видување и ја барал суштината на значењето и симболите на таа традиција.

„Немав намера да се спротиставам на тоа бесценето црковно богатство. Намерата ми беше од сопствен аспект, од современ аспект со современи ликовни изрази да создадам сопствен опус на дела кои ќе го изразуваат и времето и мене како личност“ – кажа Запров, потенцирајќи дека овој мал придонес го дава во интерес на зачувување на македонската посебност, македонскиот бит, традиција, идентитет, затоа што само со тоа можеме да се одбраниме од оваа современие, од овие напади, негирање на нашата самобитност, на нашиот идентитет.

Запро Запров е истакнат хорски диригент кој континуирано настапува во државава и во светот. Резултат од неговата севкупна музичка дејност се вкупно 109 (53 меѓународни и 56 државни) врвни награди и признанија, меѓу кои и наградата „11 Октомври“ за особен придонес во културата и уметноста. Зад себе има над 2500 концерти и настапи, над 1000 минути трајни аудио и видеозаписи, околу 20 радио и ТВ емисии, околу 700 изведени вокални, инструментални и вокално-инструментални дела од врвната светска музичка литература. Основач е на Детскиот хор „Изворче”, Женскиот хор „Рустико” и Хорското Студио „Рустико”, во чиј состав се Детскиот хор „Развигорче” и Женскиот младински хор.

Изложбата „Светлина“ на Запро Запров, во организација на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ од Струмица на показ пред струмичката јавност ќе биде достапна и во наредните десеттина дена во Центарот за култура „Антон Панов“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

Next Post

Градоначалникот Костадинов најави враќање на подзаборавените вредности во образованието, а мобилните да не бидат на дофат на учениците во време на настава

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36
Испука плинска боца, интервенираа пожарникарите
Вести

Испука плинска боца, интервенираа пожарникарите

среда, 9 јули, 2025 | 12:05
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
Босилово

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии

среда, 9 јули, 2025 | 10:29

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist