сабота, 22 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

понеделник, 11 декември, 2023 | 12:04
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Денеска Струмица ги празнува заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

По повод празникот, утринава во Манастирот „Св. Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица се одржа Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше Епископот Нишки г. Арсениј во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Струмички г. Наум, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Епископот Стобиски г. Јаков.

Епископот Нишки г. Арсениј, во својата беседа кажа дека оваа место на кое што стоиме денес е осветено со крвта на Светите Петнаесет Тивериополски Маченици, кои храбро и бестрашно ги положија своите животи за Христос, следејќи ги неговите зборови: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи“.

„Христовото Евангелие е повик да го земеме својот крст и да одиме по Христос. Бог на овој свет не му ветува ниту среќа, ниту награди, ниту позиции, воопшто не му ветува лесен евангелски живот. Наместо тоа, Тој на своите ученици им ја покажува целата тежина на евангелскиот крстоносен пат низ историјата и животот во овој свет. „Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува, вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост“, кажа Епископот Нишки г. Арсениј.

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков порача секогаш да се држиме до Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици затоа што тие се наши заштитници пред Бог.

„Да се држиме за Светите Петнаесет, за нивното маченичко сведоштво со крв и да се држиме за Господ и за Црквата негова. Не престанувајте да ги призивате во вашите молитви, оти ние сме нивен удел, нивна награда и нивна слава, какви и да сме. Тие се наши заштитници и покровители, нѐ сакаат и се молат на Бога за нас. Да се држиме за нив. Тие со своите свети молитви, со својата слобода пред Бог ќе нѐ држат за Црквата, за Царството Небесно и заради нивните свети молитви и ние ќе го наследиме уделот кои тие го имаат, вечноста, Царството Божјо и непрестајната радост во Триипостасниот Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух“, кажа Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

„Со тоа ја покажуваме соборноста на нашата Света Православна црква чествувајќи во соборност заедно на Светата Божествена литургија и од посебна радост за сите струмичани коишто беа дел и присуствуваа на Светата Божествена литургија, бидејќи Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици се големи светители коишто уште оддамнина на оваа територија ги празнувале сите луѓе, посебен култ има кон Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ – кажа во изјава за медиумите отец Даниел Ѓоргиев, старешина на Манастирот „Св. Петнаесет“.

На Светата Божествена литургија покрај многуте верници присуствуваа и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов со членовите на Советот на општина Струмица, градоначалникот на Кукуш, Грција, Димитрис Киријакидис, конзулот на Република Србија во Охрид, Михајло Филев, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, пратеници во македонскиот парламент од струмичкиот регион.

За верата во Христа и за нивната исцелителска моќ во Струмица и струмичко и денес се раскажуваат легенди. Струмица е горда и со достоинство го почитува и негува култот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Исчезнат е 29-годишен маж од Струмица

Next Post

Годишната награда за животно дело на Горан Пандев за патрониот празник на Струмица

Related Posts

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица
Вести

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица

петок, 21 ноември, 2025 | 11:38
Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist