сабота, 15 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Промовирана сликовница за деца на Никола Маџиров, инспирирана од струмичка сказна за рогот на изобилие

среда, 3 април, 2024 | 19:14
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Промовирана сликовница за деца на Никола Маџиров, инспирирана од струмичка сказна за рогот на изобилие

На Светскиот ден на книгите за деца, на струмичкото корзо, пред книжарницата „Литература.мк“ вчеравечер на зајдисонце беше промовирана сликовницата од реномираниот македонски поет Никола Маџиров, илустрирана од Анета Илиевска, издадена од Либи, дел од Арс ламина – публикации. „Рокчето“ е расказ за едно дете кое во рогот на починатиот вол Сивчо ќе пронајде изобилие. Маџиров, инспириран од народна сказна од струмичкиот крај, ја напишува „Рокчето“ како „приказна во приказна“, движејќи се меѓу сегашноста и минатото и поврзувајќи ја со настанокот на неговиот роден град Струмица.

„Рокчето“ е прва книга за деца на Маџиров и прва комплетна сликовница на Илиевска. Ова е заеднички почеток на Маџиров и Илиевска во сферата на литературата за деца, иако двајцата се вистински професионалци во поширокиот контекст на книжевноста.

„Благодарение на мојот син Константин, со неговото раѓање почнав да пишувам раскази во „Росица“, но никогаш не се осмелив од тоа да направам книга. Но, штом ја прочитав приказната објавена во книгата на чичко Иван Котев почнав да размислувам за рогот односно почетокот на сите почетоци, почетокот на световите. Тој рог на изобилието се појавува во многу митологии, во грчката, во келтската итн. Ја има дури и во африканската, посебно јужна Африка. Најдовме приказна со многу слични елементи. Меѓутоа, изобилието како изобилие сакав да го прикажам дека не е материјалното всушност, дека почетоците првин се случуваат внатрешно, па потоа имаат надворешна манифестација. Секој од нас, верувам, сонува првин внатрешно да се промени, за да може светот околу него да се промени. Дека смртта не е всушност смртта ќе видите и во приказната, кога мајката починува таа се појавува во очите на една птица. Тој лет на птицата всушност го покажува почетокот на новиот живот“, рече Маџиров.

Промоторката на книгата Оливера Ќорвезироска подвлече дека делото на Маџиров не е адаптација на народната приказна, туку последнава служи како основа за неговата приказна која зборува за настанувањето на Струмица. Маџиров, сметајќи ја својата приказна обликувана во сликовница како една верзија на сказната за рокчето, повика оваа народна сказна секој да си ја чита и раскажува на поинаков начин затоа што само така приказните може да живеат.

Маџиров и Илиевска се запознаваат по повод изработката на оваа сликовница и кога му приоѓаат на делото спонтано стигнуваат до исти мотиви од нивното детство. И расказот и илустрациите ја претставуваат приказната на две нивоа. Базата на сликовницата е фолклористичен, традиционален, класичен израз, тоа е изразот на бајката, а од друга страна се јавува современиот дел, кој пак Илиевска го решава со минималистички пристап. Затоа, Ќорвезироска подвлече дека Илиевска со својата рака умешно ликовно ја пресликува наративната дистинкција меѓу времињата која Маџиров ја прави во текстот.

Специјални гости на промоцијата беа луѓето кои ја зачуваа оваа приказна од заборавот. Македонскиот фолклорист Иван Котев ја документира оваа народна приказна во 2016 година во Струмица, раскажана од Борис Ефтимов, родум од струмичкото село Сачево, со кого се познава уште од детство. Ефтимов му има раскажано десетина приказни кои ги научува од својот дедо, но приказната Рокчето е посебна за Котев.

„Ми раскажа повеќе приказни. Кога ќе му текне приказна, веднаш ме вика и јас ја снимам. Од него запишав околу 10-12 приказни, која од која поубава, но Рокчето е нешто посебно, специјално, нешто универзално, нешто што се среќава во повеќе митологии, приказни во светот. Таа доби едно финале, едно уметничко обликување од нашиот Никола Маџиров и илустраторката Анета Илиевска“, рече Котев.

Покрај Котев, на публиката ѝ се обрати и Ефтимов кој потсети дека иако приказните може да се чинат невистинити, секоја од нив има силна поука. Тој се задржа на ползата која ја имаат децата од учењето приказни.

„Секое дете ќе научи говорливост, ќе ја запамети. Тоа е лесен материјал. Ќе научи да раскажува. Приметувам кај сегашните деца дека говорливоста не им е баш како што треба. Не само што не читаат, немаат ниту другарчиња за да се дружат и повеќе гледаат во телефоните“, рече Ефтимов.

Приказната Рокчето Котев ја објавува во својата книга „Девојчето со златно срце“, издадена во 2019 година. Маџиров ја обработува оваа приказна во трудот насловен „Рогот – корен на новото дрво на животот“, претставен на научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“ кој се одржа во 2021 година.

Во овој труд Маџиров пишува дека во оваа приказна рогот на волот се јавува како извор на нов живот, семе кое мора да умре за да го роди плодот на времето, како нов извор на универзумот, поврзувајќи ја суштината на Рокчето со Алеф, првата почетна буква во семитските азбуки која се јавува во тамошниот фолклор како почеток на сите светови, и навлегува во примери од египетската култура кои исто така зборуваат за рогот како почеток.

Освен од Маџиров, Рокчето е научно обработена и од Ана Витанова-Рингачева во труд публикуван во 2020 година кој преку примери од сказните собрани од Котев исто така зборува за универзалниот модел на светската сказна.

Кирил Ѓоргиев

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски е во Струмица

Next Post

Д-р Венко Филипче: Скандалот со МТВ и ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека во партијата ништо не се сменило

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist