вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

„Родителски Фронт“ го одржа својот прв собир од кој испратија пораки до надлежните – „Нашите деца имаат родители, имаат мајки и татковци“

петок, 15 септември, 2023 | 09:56
во Вести, Струмица

Новоформираниот „Родителски Фронт“ од Струмица, кој според најавите како Граѓанска организација ќе ги застапува и промовира традиционалните вредности и правата на децата, на плоштадот „Гоце Делчев“ одржа Информативен собир – протест поттикнат од родовата пропаганда и родовата идеологија која, како што велат, противзаконито и без согласност на родителите се инфилтрира во наставните програми во училиштата.

Претседателката на Здружението „Родителски Фронт“, Мариета Дукиќ вели дека децата не се сами и не се ничии експериментални глувци.

„Нашите деца имаат родители, имаат мајки и татковци кои живеат за нив, но подготвени се и доколку треба да умрат за нив. Токму на тој родителски фронт ќе ја изгубите војната за душите на нашите деца. Ние не ја започнавме, но ќе ја водиме до крај и победнички ќе ја завршиме“, кажа Дукиќ.

Таа во својот говор го обвини претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски дека веќе три седници по ред, како што кажа, се става себеси, но и Советот во служба на родовите идеолози промотори во Македонија.

„Поголемиот дел од советниците неволно се повинува и попушта под притисоците и заканите наспроти своите убедувања и совеста. Ние почитувани, ги ободруваме и повикуваме советниците да се охрабрат и да ги затворат вратите за родовата пропаганда еднаш засекогаш во нашата општина. Да излезат од сенката на оној кој наместо книги во рака држи тефтер за вработување и други услуги, им врши притисок и нека се ослободат од стегите зашто тие се слободни луѓе, а Струмица не е див запад“ – кажа Дукиќ.

Учителката Марија Јанакова Кочева вели дека почнува да се губат основните вредности, како што е пристојноста. Таа порача да се остават децата сами да ја искусат љубовта, а за сексуалноста да зборуваат како што е и ред, со своите родители.

Професорката Ивана Пандева потенцираше дека родителите имаат полно право во своите деца да ги всадат традиционалните семејни вредности, без било кој да ги нарушува тие критериуми.

„Драги родители, заедништвото е најсилно. Заедно можеме да бидеме глас громовник кој ќе го покоси секое бреме кое надвиснува над главите на нашите најмили, на нашата радост, на нашата иднина“ – кажа Пандева.

„Никој од нас нема ништо против нашите сограѓани кои имаат поинаква сексуална ориентација, тоа е нивни избор и нивна одговорност, но имаме против наметнување на сексуален релативизам и џендер идеологија – флуидно разбирање на полот, преку кои се отвора можност за постепено морално труење на општеството до негово уништување. Доволно молчевме, ова не е во ред, не е прифатливо и нема да го дозволиме. Единствено право за одлучување во однос на животот, здравјето, среќата и образованието на децата имаат родителите. Тука се затвора во целост животниот круг на слободата и семејната симбиоза. Остануваме на фронтот“, порача адвокатката Нетка Ковачева.

Организирањето во „Родителски Фронт“ ги побуди родителите Прирачникот за животни вештини на Бирото за развој на образованието, меѓу кои и работните листови за учениците од средните училишта – Образование за животни вештини, објавени уште во 2011 година од тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кој по 12 години станува главна тема со жестоки реакции на социјалните мрежи.

Инаку на настанот се собираа потписи – Петиција „НЕ за родовата идеологија во училиштата, актите и документите во општина Струмица“, а собирањето потписи ќе продолжи и во сабота на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Почна да се гради нов булевар на излезот од Струмица кон селото Дабиле

СЛЕДНА ОБЈАВА

Во сообраќајка на булеварот „Ленинова“ едно лице со тешки телесни повреди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Вести

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура

вторник, 3 октомври, 2023 | 11:29
Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Босилово

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 17:04
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05

ТОП ВЕСТИ

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist