сабота, 21 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“

четврток, 19 јуни, 2025 | 12:57
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

На иницијатива и во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, во просториите на Градската Уметничка галерија во Струмица се одржа Панел дискусија за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита и добивање на месечен надоместок за родител на лице со попреченост, односно добивање на статус „родител-негувател“ на еден од родителите на лице со попреченост.

Преку панел-дискусијата, родителите на деца со попреченост од Струмица повторно ја отворија темата за измена на Законот за социјална заштита и регулирање на нивниот статус. Тие остануваат цврсто на ставот дека овие измени се неопходни и дека државата мора системски да ги поддржи со редовни месечни примања.

Родителите јасно порачаа дека не бараат ниту привилегии, ниту милостина, туку еднакви права и можност за достоинствена егзистенција, која во моментов им е ускратена. Најголемиот дел од нив велат дека се принудени да ги напуштат своите работни места за целосно да се посветат на грижата за своето дете.

За д-р Ѓорги Јанев, специјалист по медицина на трудот и доктор на науки во областа на здравствена политика и менаџмент, барањата на родителите се целосно оправдани. Тој смета дека законски измени се неопходни, но предупредува дека пред да се преземат какви било конкретни чекори, мора да се воспостави национален регистар на лица со попреченост.

Се планира да се одржат уште неколку панел дискусии во повеќе градови во државата за да се информираат родителите како и сите граѓани што е целта на оваа иницијатива. Веднаш потоа ќе се формира Координативно тело од родители на лица со попреченост и понатаму ќе се побара средба со министерот за труд и социјална политика.

Освен претставници од невладините организаци, на панел дискусијата присуствуваа и голем број граѓани, пратеници, советници, стручни лица, како и претставници од верските заедници кои ја даваат својата поддршка кон родителите на деца со попреченост.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

Next Post

Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи

Related Posts

Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија

петок, 20 јуни, 2025 | 14:02
Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи
Вести

Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи

четврток, 19 јуни, 2025 | 22:06
Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Вести

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци

вторник, 17 јуни, 2025 | 09:48

ТОП ВЕСТИ

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist