вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Резултати од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ во општина Струмица

петок, 30 јуни, 2023 | 13:20
во Вести, Струмица
Резултати од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ во општина Струмица

Нешто повеќе од половина од младите во Струмица (51.8%) никогаш досега немаат волонтирано. Најголем дел од испитаниците (44.8%) би волонтирале во граѓанскиот сектор, потоа 30.5% би волонтирале во приватниот и 24.8% во државниот сектор. Големо мнозинство 60.6% никогаш не работеле во група со цел решавање на некој проблем во општината. Околу една четвртина од нив (25.3%) делумно се задоволни од општината во која живеат, додека 24.7% се неутрални во однос на ова прашање. Двете работи кои најмногу им се допаѓаат на младите во општина Струмица се парковите (33.3%) и тоа што градот е Cентар за млади лица во регионот (21.7%).

Токму ова се главните наоди од истражувањето „Потреби на младите на локално ниво”, спроведено во општина Струмица, од Здружение на граѓани Младите можат, со финансиска поддршка на Европската комисија, во текот на февруари-март 2023 година. Истражувањето беше спроведено користејќи два пристапи: квалитативен пристап преку спроведување на една фокус група и квантитативен пристап преку спроведување на онлајн анкета, со дизајнирање на примерок според застапеност на млади луѓе во општината. Со онлајн истражување во општината Струмица се опфатија вкупно 170 испитаници, од кои 82 (48.2%) беа машки и 88 (51.8%) беа женски.

„Актуелната ситуација со младите на локално ниво, ја поттикна потребата да се добијат конкретни податоци за вклученоста на младите во процесите на донесување одлуки и нивното учество во општествените текови на локално ниво. Младите се фактор за промени, потенцијал за кој треба да се охрабрува и поддржува, пред се од нивните општества. Затоа, нивната улога во денешните општества е од големо значење за демократските процеси, па заради тоа нивното оспособување, развој и подготвеност се од клучно значење“, велат од Здружение на граѓани Младите можат.

57.6% од испитаниците не се запознаени со тоа што е младинска политика. Над половина од испитаниците (53.5%) никогаш не учествувале во креирање на програма или буџет за млади во рамки на нивната општина. Најголеми приоритети во областа на културата и спортот за младите се непостоење на културни манифестации за млади (39.0%), како и немање на игралишта и сали за спортски активности (31.3%). Големо мнозинство (62.4%) одговориле дека општината не е отворена за иницијативи од младите и дека општина Струмица нема финансиски да поддржи иницијатива од млади (68.8%).

Истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ е дел од проектот Младински Локални Банки. Во рамки на проектот се формираа три одбори на локалните банки во Струмица, Велес и Кочани. 30 млади стекнаа вештини за лидерство во заедницата, мапирање на проблеми и менаџирање со ресурсите на локалната банка. Во наредниот период се очекува отворање на јавен повик за поддршка на иницијативи од фондот на локалната банка, кој е формиран преку донации на локалната власт и локалната бизнис заедница. Целта на проектот е создавање на механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Струмичанецот Павле Витанов во недела во финалето на „Никогаш не е доцна“ ќе се бори за победа

СЛЕДНА ОБЈАВА

Тешко повреден мотоциклист откако управувајќи мотор удрил во паркирано возило

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Вести

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура

вторник, 3 октомври, 2023 | 11:29
Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Босилово

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 17:04
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05

ТОП ВЕСТИ

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist