четврток, 15 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Реакција на Платформа за родова еднаквост на објавата на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов

петок, 23 јуни, 2023 | 14:48
in Вести, Струмица
Реакција на Платформа за родова еднаквост на објавата на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов

По објавата на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов во врска со неговите напади на социјалните мрежи од страна на активисти на невладини организации и неговата најава за ставање на ништовност и вето кон „некои“ невладини организации, со писмена реакција се јавија 29 членки на Платформата за родова еднаквост.

Интегрален текст од реакцијата:

Ние, долупотпишаните членки на Платформата за родова еднаквост, сме згрозени од   последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник. Костадинов, преку  јавно изразениот став на неговата официјална страна на социјалните мрежи на 21.06.2023 година, се заканува со вето и ништовност на соработка со граѓанските организации кои имаат критички став кон последните случувања на територијата на општина Струмица. Ваквиот наратив за ставање вето на соработката со „неистомислениците“ во граѓанскиот сектор кои се залагаат за унапредување на родовата еднаквост и почитување на основните човекови права создава дополнителна поларизација помеѓу граѓаните  и поттикнува говор на омраза, насилство и нетолеранција. Сакаме да го потсетиме градоначалникот дека ваквата реторика на „подобни“ и „неподобни“ граѓански организации беше главен политички инструмент на минатиот автократски режим на владеење, против  кој сите се боревме за да ги ослободиме граѓаните и институциите, со верување дека никогаш повеќе нема да се повтори. Еднаквоста, рамноправноста и демократичноста се принципи кои секој избран носител на јавна функција е должен да ги почитува и негува, а не да практикува принцип на исклучување кога некои граѓани или граѓански организации немаат ист политички став како неговиот.

Верувањето во Бога и верската определба е личен и приватен став на секој граѓанин. Ние, граѓанските организации, не го оспоруваме правото на верска определба на ниту еден граѓанин, ниту пак на градоначалникот Костадинов. Меѓутоа, како избран од граѓаните и носител на јавна функција, градоначалникот не е избран на оваа функција заради верувањето или неверувањето во Бога, туку заради решавање на локалните проблеми на сите граѓани и за подобрување на нивниот квалитет на живот. Повикот за поделба на организациите на „подобни“ и „неподобни“ ги крши законските овластувања на градоначалникот за вклучување на сите заинтересирани страни во креирањето и спроведувањето на локалните политики, а особено ја загрозува слободата на изразување и критичката мисла на оние кои размислуваат поинаку од него. Градоначалникот на општина Струмица со својот натпис само поттикнува уште поголема нетрпеливост и омраза кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговиот интимен и личен став за верата, а на кој не му е место во градоначалничката функција. Сметаме дека градоначалникот, како носител на јавна функција, не треба да одговори со напад кон секоја на конструктивна  и добронамерна критика и со донесување на одлуки кои се спротивни на социјал-демократијата.

Го повикуваме градоначалникот на општина Струмица да се воздржи од понатамошни критики кон граѓанските организации кои се борат за унапредување на родовата еднаквост, како основно човеково право и една од најголемите демократски вредности на секое општество. Укажуваме дека ваквите негови настапи само може уште повеќе да поттикнат омраза и насилство кон различните и маргинализираните групи, а за кои градоначалникот е должен да ја обезбеди нивната безбедност и живот. Тие се чекор назад во демократијата и приближувањето кон ЕУ и не и носат никакво општествено добро на нашата земја.

Почитувањето на правата на секоја личност и практикувањето на партиципативната демократија е основа за развој на секое демократско општество, а правото на партиципативна демократија е загарантирано со Уставот на земјата. Оттука, повторно нагласуваме, Законот за родова еднаквост не е против ниту еден граѓанин, децата и семејствата, ниту пак со истиот се одземаат нечии права, туку вклучува подобри институционални механизми за унапредување на положбата на жената, еднаквост на жените и мажите во остварувањето на својот личен, социјален, економски и општествен потенцијал. Законот е за подобро утре за жените, децата, за демократијата, за еднаквоста во општеството.

Со почит,

Платформа за родова еднаквост

Членки:

  1. Tiiiit! Inc.
  2. Бори се женски
  3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  4. Здружение женски форум
  5. Здружение за еднакви можности Семпер
  6. Здружение за локален рурален развој
  7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
  8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
  9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
  10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС
  11. Институтот за општествени и хуманистички науки
  12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
  13. ЛезФем
  14. Мрежа за заштита од дискриминација
  15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
  16. Националниот совет за родова рамноправност
  17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
  18. Организација на жените на општина Свети Николе
  19. Организација на жените „Кумановка“
  20. Организација на жени од Струмица (ОЖС)
  21. Реактор – Истражување во акција
  22. Рурална Коалиција
  23. Стела
  24. ТАКТ
  25. Хелсиншки комитет за човекови права
  26. Х.Е.Р.А.
  27. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
  28. Хуманитарно Здружение „Мајка“
  29. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)
  • Костадинов: Од утре ставам ништовност и вето на секој меморандум „на таквите“ невладини организации
ShareTweetShare
Previous Post

Вечерва е полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ – струмичанката Славица Ангелова ќе се бори за влез во финале

Next Post

УХМР најавува нестабилно време со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist