сабота, 17 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Реакција на Независниот синдикат на полицијата по крвничкиот напад врз нивни колега во селото Баница

недела, 20 август, 2023 | 17:34
in Вести, Струмица
Реакција на Независниот синдикат на полицијата по крвничкиот напад врз нивни колега во селото Баница

Независниот синдикат на полицијата (НСП) го осуди нападот врз нивниот колега полицаец што се случи завчеравечер во струмичкото село Баница.

„Колегата Давор беше крвнички нападнат. Како крим-техничар тој бил испратен да изврши увид на пронајдени сандаци со пчели, каде бил пресретнат и нападнат од 14 лица со разни предмети, шипки, стапови, бекатон цигли и камења, при што се здобил со тешки телесни повреди – скршеница на носна коска, четири скршени заби и 40 отсто оштетен слух“ – потенцираат од синдикатот.

Во реакција до медиумите, НСП бара да запрат нападите врз полициските службеници, со порака „Денес е Давор, утре си ти“!

„Дали доколку на ваков брутален начин биде нападнат некој судија или обвинител постапката ќе биде иста? Дали Министерството ќе му пружи поддршка и ќе ги покрие трошоците за лекувањето со оглед на тоа дека од август 2022 година не се уплаќа колективното осигурување“? – прашува Независниот синдикат на полицијата.

НСП реагира и поради тоа што од слобода биле лишени, како што вели, сите 14 лица кои учествувале во нападот, меѓутоа притвор е одреден само за пет од нив.

„Ги прашуваме сите надлежни институции во државата, уште колку напади врз полициски службеници треба да се случат и дали треба да чекаме некој полициски службеник да загине пред да се преземат мерки против оваа сериозна и зачестена појава“ – пишува во реакцијата на полицискиот синдикат.

  • Нова информација за нападот на полицаец во Баница – 13 лица приведени, меѓу нив и малолетник

Полицијата од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишила од слобода: С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од струмичкото село Баница, и М.Ѓ. (23) од струмичкото село Градско Балдовци, и против нив беше поднесена кривична пријава за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ .

Како што вчера соопшти МВР, тие се сомничат дека завчера, 18 август, во 23 часот во село Баница насилно запреле цивилно полициско возило „Шкода“, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица, кој во моментот извршувал службени задачи.

„Најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети. Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица – информираше вчера МВР.

ShareTweetShare
Previous Post

Концерт на Симон Трпчески со „Македонисимо“ во Секирник, родното село на мајка му

Next Post

Возач на „Фолксваген туарег“ со 17 мигранти удрил во семафор кај автобуската и побегнал

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist