Вечерва пред 21:00 часот пукна главната водоводна цевка помеѓу Радово и Босилово и во моментот е прекинато водоснабдувањето кон населените места Радово, Босилово, Еднокуќево и Робово. Од Општина Босилово информираат дека рано наутро екипа на Јавното комунално претпријатие „Огражден“ ќе работи на санирање на дефектот. Се очекува утре до 12:00 часот да се нормализира водоснабдувањето во овие населени места.