СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(24), З.Х. (53), О.М.(25), М.Д.(34), Е.Ш.(40), А.Ш.(42) и М.К.(25), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени 10 кривични дела „злосторничко здружување“, „тешка кражба“ и „помагање“, информираат од СВР Струмица.
Имено, во периодот од 11 декември минатата година до 17 март годинава на подрачјето на Струмица и регионот, пријавените извршиле десет кривични дела „тешка кражба“, а украдените предмети ги продавале како старо железо.