вторник, 18 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Протестна блокада на центарот на Струмица по владината одлука за спојување на концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука

четврток, 6 јули, 2023 | 19:20
in Вести, Струмица
Протестна блокада на центарот на Струмица по владината одлука за спојување на концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука

Од граѓанската организација „Здрава Котлина“ од Струмица најавуваат протестна блокада насловена „Заедно против рудникот“ која ќе се случи на 15 јули, сабота, со почеток во 11.00 часот. Активистите ќе протестираат на раскрсницата пред Градскиот трговски центар „Глобал“ во центарот на градот.

  • Дознај повеќе: Споени концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука, активисти најавуваат мобилизација

Според „Здрава Котлина“, со одлуката за спојување на двете концесии на Еуромакс за експлоатација на минерални суровини на локалитети во општините Босилово и Ново Село, донесена од владата на 27 јуни, а објавена во Службен весник на 4 јули, на повидок е отворање на овој рудник на Огражден.

„Со последниот потег на корумпираните судови и Владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект, рудникот „Иловица–Штука“, велат од „Здрава Котлина“.

Тие ќе протестираат против оваа одлука на владата и предупредуваат дека нема да дозволат да се отвори рудникот за бакар и злато кај струмичките села Иловица и Штука на Огражден.

„Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме сите заедно да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме Струмичката Котлина, нејзините животоносни продукти, а со тоа и цела Македонија, од алчните злосторници и нивните соработници, кои со отворањето на рудникот, подмолно и беспоштедно сакаат да ни ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно исселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот“, стои во соопштението на „Здрава Котлина“ објавено денеска.

ShareTweetShare
Previous Post

Дури 64 л/м² дожд наврнало вчера во Струмица за само еден час

Next Post

Доколку имате штета предизвикана од поројниот дожд што во средата ја зафати Струмица, пријавете во општината

Related Posts

MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Вести

MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

понеделник, 17 ноември, 2025 | 22:53
Вести

Водата во Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци е во исправна состојба и може да се користи за пиење

понеделник, 17 ноември, 2025 | 12:05
За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди
Вести

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

понеделник, 17 ноември, 2025 | 10:55
„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност
Вести

„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност

недела, 16 ноември, 2025 | 17:30
„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица

недела, 16 ноември, 2025 | 17:01
Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist