Вчера во 16:50 часот во Регионалниот ЦУК Струмица на Единствениот број за итни повици 112 било пријавено дека двајца велосипедисти се изгубиле на планината Беласица, во реонот над селото Банско. Велосипедистите се пронајдени живи и здрави.
„Веднаш била пратена патрола од гранична полиција и стапиле во контакт со двајцата велосипедисти. Околу 19:30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција на безбедно и пред да настапи ноќта“, се вели во соопштението на ЦУК.