сабота, 24 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Промовирана третата стихозбирка на Ице Беличев – „Мелодија на платно“ која во себе носи многу зборливи слики во боја

петок, 10 ноември, 2023 | 11:12
in Вести, Струмица
Промовирана третата стихозбирка на Ице Беличев – „Мелодија на платно“ која во себе носи многу зборливи слики во боја

Пред многу народ во конгресната сала на хотелот „Сириус“ во Струмица синоќа беше промовирана книгата – стихозбирка „Мелодија на платно“ од професорот по македонски јазик, Ице Беличев.

Станува збор за трета стихозбирка на Ице Беличев, по „Гледач во небото“ и „Чекор помеѓу“, во која се напишани четириесет песни со најразлични теми и мотиви.

Професорката Ана Витанова Рингачева вели дека во поезијата на Ице Беличев има еден длабоко личен поглед на светот, светот во поетот и светот надвор од поетот, и тој поглед неминовно фрлен врз реалноста што го опкружува поетот станува некаква острица за повлекување линија меѓу топлите и ладните бои со коишто е насликан овој свет.

„Поетот не ги премолчува новите болести на времето во кое живееме од којшто страда современиот човек, оттуѓувањето, безчуствителноста, умртвувањето на човекот во човекот, онаа наша, тешко ни е да размениме збор, тешко ни е да размениме насмевка, а тоа вреди многу повеќе од се што е материјално околу нас. Ние како да сме исплашени од самите себе и оние сличните на нас и имам чувство дека играме постојано некаква брканица во којашто се надеваме дека нема да го сретнеме оној што е подобар од нас во нешто, оној што е поуспешен од нас во нешто заради тоа што тешко можеме да му признаеме, еве добар си во ова, добро го правиш, ти честитам и така натаму. Во меѓустиховите ќе го прочитате и тоа во поезијата на Ице Беличев, вели: И така молкум со изгубена насмевка играме живеење“, кажа проф. д-р. Ана Витанова Рингачева потенцирајќи дека Ице одбрал силно асоцијативен наслов на својата трета книжевна објава, наслов којшто коренсподира со неговите размислувања дека поезијата, музиката и сликарството, односно она што може да се пренесе со бои се трите најсветли страни на уметноста, меѓутоа и воопшто на животот.

„Кога овие три уметности влегуваат во симбиоза, тогаш делото што настанува го има предзнакот на уметност. Ако една од дефинициите за поезијата е дека таа претставува слика што говори, тогаш следствено на тоа поезијата во стихозбирката „Мелодија на платно“ носи во себе многу зборливи слики во боја оставени по ѕидовите на овој црно-бел свет, да му дадат боја и да го направат поубав“, кажа Витанова Рингачева.

Стихови од најновата сихозбирка на Ице Беличев читаа Сузана Мицева и Катерина Панов Кожаров во придружба со гитарата на Елена Ѓоргиева. Поезија читаа и градоначалникот Костадин Костадинов, и колеги-советници на Беличев, читаа и многу други од публиката.

Поетесата и новинар Сузана Мицева вели дека поезијата од „Мелодија на платно“ веќе патува и стекна нови значења вечерва, читајќи ја споделувајќи ја со вас.

Авторот Ице Беличев е задоволен, како што вели и презадоволен, не се полни само очите, полно е и срцето.

„Не знам дали сум голем човек, дали сум голем наставник, дали сум пријател или навистина сум поет. Пред се сакам да бидам човек и во вашите очи да ме гледате како човек“, кажа Беличев обраќајки и се на многубројната публика.

Книгата „Мелодија на платно“ е во издание на Издавачката куќа и Фондација „Македонија Презент“, а со поддршка на Министерството за култура.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Филмот на Јани Бојаџи – „Кино љубов“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Next Post

Приведен струмичанец криумчарел група од 11 мигранти од Индија и Непал

Related Posts

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
Вести

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

сабота, 24 мај, 2025 | 06:52
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

петок, 23 мај, 2025 | 16:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Двајца струмичани тешко повредени откако со својот автомобил излетале од патот Градско – Прилеп

петок, 23 мај, 2025 | 14:32
Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска
Вести

Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска

петок, 23 мај, 2025 | 12:32
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Вести

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

петок, 23 мај, 2025 | 07:11
Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица вчера со срамна реакција го потврди тоа што го обелоденивме – велат струмичките Социјалдемократи

четврток, 22 мај, 2025 | 14:37

ТОП ВЕСТИ

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица
Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“
Католичката катедрала во Струмица слави 100 години од основањето – промовирана и Монографија

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село
Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“
Во сабота пазарите нема да работат поради празникот
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist