Македонската кујна и македонската традиција во една приказна за највкусните специјалитети подготвени од најдобрите готвачи во Гостилница „Кај Баче“.
Следејќи ги потребите на своите гости „Кај Баче“ секој ден на менито, освен највкусната скара, ќе можете да вкусите и: тавче гравче, селско, гулаш, ќофте во сос, риба, ребро во фурна, коленици, кукуреч, сарма, месо прежено во бакарни тави, колбаси залиени со маст, месо во тегла, поховани даски, а во менито го имате и домашниот струмички ајвер…
Секое јадење е подготвено со љубов, зачинето со долгогодишното искуство и квалитетно избраните продукти на тимот од кујната на Гостилница „Кај Баче“, која се наоѓа во ГТЦ „Глобал“ во Струмица.
Контакт и нарачки на: 070 616 347
Комерцијална објава