Од СВР Струмица информираат дека синоќа во периодот од 23:15 до 04:00 часот на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при контрола на возила откриле дека три патнички возила „Фиат“, „Мерцедес“ и „Фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.