Вчера на автопатот А1, во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Р.Џ(43) од Струмица. При преглед на патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени марихуана, кокаин и опиум, информираат од СВР Струмица.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот во текот на денот против Р.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.