Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Г.(34) од село Просениково, струмичко, поради сомнение дека извршил кражба на мопед. Тој бил задржан во полициска станица, а мопедот бил пронајден и вратен на сопственикот.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање, против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.