Вчера попладне во 15:30 часот во селото Просениково, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Л.Ѓ.(22) од село Ерџелија, општина Свети Николе. При преглед на простор во кој престојувал, како и во нива во атар на Просениково, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби извршени ноќта помеѓу 14 и 15 септември на подрачјето на Струмица, информираат од струмичката полиција.
Одземените предмети се вратени на сопствениците, за настанот е известен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство од Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.