Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(51) од Струмица. Тој се сомничи дека во периодот од 15:30 часот на 2 февруари до 08:00 часот на 3 февруари со употреба на сила и погоден алат влегол во плац на правно лице и одзел повеќе предмети, информираат од струмичката полиција.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во Полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.