Вчера во 16:30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од струмичката полиција.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.