Денеска во 14:30 часот на улицата „Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(49) од Скопје, со живеалиште во Струмица, информираат од МВР.
Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип, поради бегство. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната.