Вчера попладне во 16:30 часот во село Сушица, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Л.Д.(26) од село Сушица. При претреси на две локации во селата Сушица и Турново, кои ги користел Л.Д., извршени со судски наредби, биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе патрони за ловечка пушка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против Л.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од СВР Струмица.